Ахмети во еуфорија за самитот во Тирана: Браво, Рама, Албанија е сега европска ѕвезда! Ова се добри денови за неа и за Албанците!

„Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, преку објава на Фејсбук му честиташе на премиерот Еди Рама за одличната организација на Самитот на европските земји што се одржува во Тирана.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Весникот ја пренесува еуфоричната објава на лидерот на „интегративците“ на општествената мрежа: Среќен сум за Албанија и Албанците кога ги гледам лидерите на сите земји од стариот континент, како никогаш досега, додека се шетаат по „Булеварот на мачениците на нацијата“ во Тирана и се собираат под штитот на најголемиот меѓу нас, Ѓерѓ Кастриоти Скендербег.
Браво Еди, Албанија сега е европска ѕвезда!
Му посакувам на самитот на Европската политичка заедница се најдобро и ѝ честитам на Албанија за нејзиното традиционално великодушно гостопримство и одличната организација.
Добри денови за Албанија и Албанците. – напиша Али Ахмети на фејсбук.