Денеска во периодот од 6:30 до 11:30 часот поради одржување на атлетска трка, Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на патиштата по кои ќе се движат натпреварувачите низ Скопје.
Од Секторот за внатрешни работи Скопје информираат дека поради атлетската трка „Зегин Аеродром Ран“ во посочениот временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.
„Стартот на трката е од булеварот „Јане Сандански“ (десна лента), потоа на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ и „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“, во делницата од улицата „Васко“ Карангелевски“ (во двата правци на движење), на потегот од крстосницата со булевар „Јане Сандански“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“, како и на потегот од булеварот „АСНОМ“. (десна лента) и на потегот од крстосницата со булевар „Киро Глигоров“ и булевар „Србија“ до крстосница со улица „Васко Карангелевски“, соопшти СВР Скопје.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на улиците каде што ќе се одржи настанот.






