Грчкиот министер за надворешни работи од Њујорк најави средба на шефовите на дипломатиите на Грција, Албанија, Бугарија и Македонија која што треба да се одржи најверојатно во Солун.
Никос Коѕиас за време на посетата на ОН во Њујорк најави дека една од главните теми на оваа средба е координација меѓу овие четири земји за прашањето за мигрантите.
Според Коѕиас засилување на регионалната соработка на Балканот е основна идеја зад грчката иницијатива за дијалог меѓу Грција, Албанија, Бугарија и Македонија која што е започната во 2016 година.
Состанокот во октомври според него ќе се фокусира на соработка за прашања како репатријација на бегалци, размена на информации, превенција од шверц со мигранти, тероризам, организиран криминал и енергетско поврзување.
Последната регионална средба организирана од грчката влада се случи во август кога во Солун се состанаа грчкиот премиер Ципрас, бугарскиот премиер Борисов и српскиот претседател Вучиќ. Сега во Солун ќе нема претставници на официјален Белград.





