Атина за името е сигурна во САД и Франција, Берлин може да изненади

Во анализа за можноста Грција да добие поддршка од своите главни сојузници во НАТО и ЕУ, уредникот на грчкиот журнал „Одбрана и Дипломатија“ Александар Туркс вели дека Атина може да се надева на добри вести од САД и Париз но дека Берлин може непријатно да изненади.



Главните теми за кои Грција очекува подршка се Кипарското и Македонското прашање за кои Атина благодарение на своите методолошки чекори во надворешната олитика може да се надева на поддршка од Вашингтон и Париз, смета Туркс.

Тој смета дека САД и покрај одличните билатерални односи секогаш прави баланс со соседите поади регионалната стабилност но сепак може да се очекува дека администрацијата на Трамп ќе застане зад грчките позиции и за Кипар и за Македонија.

Оваа позиција треба да биде потврдена на средбата со Трамп која што ја најавил потпретседателот Пенс во телефонскиот разговор но кој сеуште не е закажана  иако премиерот Ципрас ја очекува од февруари.

Во врска со САД иако генерално работите одат добро сепак постои мала несигурност за времето и нивото на американски протисок за влезот на Македонија во НАТО поради регионалната безбедност и опасносите од тероризам, признава авторот.

Поддршка се очекува и од традиционалниот сојузник Франција а единствената нејаснотија и тешкотија се очекува од Берлин. Поводот за ваквиот страв во Атина е изјавата на официјални германски претставници со која  наспроти окупациската земја Турција на темата Кипар, биле поистоветени Британија и Грција како земји гарантори.

Официјален Берлин оваа навредлива изјава за Кипар ја објаснил со неискуството на претставникот на МНР што често се случува за да се спречи поголем дипломатски инцидент пишува Туркс.

Втората причина за лоши вести од Берлин е изјавата на државниот секретар Рот кој од Скопје порача дека спорот за името бил „апсурден“ и јавно дал несоодветни ветувања на Македонија.

Според авторот од 1991 година Берлин секогаш бил подготвен да ја ризикува стабилноста на Балканот и Грција.