ЈСП, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „ Улици и патишта“ добија нови директори. Градоначалничката Данела Арсовска со новата реконструкција на позиции во градските претпријатија, повторно назначи нови челници на дел од јавните претпријатија во Скопје.
Нов директор на ЈСП е Драги Кушовски, на ЈП „Паркови и зеленило“ е Мартин Ангеловски, а ЈП „Улици и патишта“, Ванчо
Умленски.
Од Град Скопје соопштија дека Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции.
-Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат
континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и
проектите – наведуваат од Град Скопје.





