Најдобриот голман и веројатно најквалитетниот ракометар што кога и да е играл за наш тим одбрани зицер во последната секунда од мечот на македонскиот и Европски првак кај Рајн Некар Левен и е најдиректен виновник за ремито во Манхајм. Дуелот од 9 коло од групата А во Лигата на шампионите заврши 21-21, а тој што треба да жали е германскиот тим кој имаше 2 разлика пред крајот (21-19) и преку Гвардиола пропушти чиста ситуација од одличната акција за триумф во завршните моменти. Арпад Штербик во тој дуел еден на еден се „отвори“ за да затвори, и да го сочува Вардар од пораз. Тоа трае веќе девет средби меча што ни овозможува да бидеме убедливо напред со 4 бода предност во однос на Рајн Некар и Барселона, а три пред Нант кој ги искористи грешките на фаворитите за да дојде до второто место.
Штербик со 13 одбрани беше убедливо најдобар на теренот во мечот во кој имаше далеку помалку голови од сезонскиот просек на двата тима, особено на нашиот. Добар беше и Паличка на спротивната страна со 11 интервенции, а од стрелците најистакнати беа Дибиров со 5, и Кристопанс и Канељaс со по 4 гола.
Во следниот настап Вардар в сабота игра дома против Кристијанштад.