Голманот на Вардар е избран за најдобар играч во Лигата на Еверопските ракометни шампиони за месец октомври. 37 годишниот српски Унгарец во шпански пасош бранеше феноменално во две натпреварувања, во ЛШ и во СЕХА во кои црвено црните имаат извонредни 10 победи во 11 настапи.
Затоа не е ни чудно што Веспрем дава цело богатство да го види, да го донесе Арпад Штербик следното лето.
Конкуренција на Штербик му беа: Енди Шмит од Рајн Некар Левен, Сандер Сагосен од ПСЖ, клупскиот колега Вуко Борозан и Момир Илиќ од Веспрем. Во женска конкуренција наградата и припадна на Словенката Ана Грос, која го носи дресот на француски Мец.





