Апсурдно тврдење на ДУИ: Долгите чекања на Блаце се план да се обехрабрат силните братски врски меѓу Албанците од Косово и Р*М!

„Демократската унија за интеграција реагираше во врска со долгите редици и чекања на граничниот премин Блаце. Од ДУИ посочуваат дека е неприфатливо долгото чекање. ‘Зад ова стои план да се обесхрабрат силните и блиски братски врски меѓу Албанците од Косово и * Македонија! Слободното движење е право и потреба на албанскиот народ од двете страни на границата.“ – наведува ДУИ во своето соопштение. Ова го пренесе ТВ 21.

Телевизијата го пренесува соопштението на партијата на Али Ахмети, која наведува: „По многу години, Албанците за прв пат размислуваат двапати дали вреди да одат на ручек во Косово, или да ги посетат семејството и пријателите. Долгите и неприфатливи чекања на граничниот премин меѓу * Македонија и Косово создадоа голема пречка за слободното движење на луѓето. Сега станаа недостапни Скопје и Приштина, двата главни града меѓусебно најблиски во регионот со патување за помалку од еден час.“

„Зад оваа ситуација постои план за забавување на комуникацијата и соработката меѓу двете страни на границата. Доцнењата се намерни и имаат за цел да ги обесхрабрат силните и блиски врски меѓу двете држави, особено меѓу Албанците. Ова наликува како обид да се спроведе влијанието на „Српскиот свет“, кој веќе ја зафати оваа власт. Партии со 1 проценти поддршка станаа соработници на оваа политика. Време е граѓаните и институциите да реагираат кон оваа вештачка пречка, која им наштетува на нашите братски односи и го кочи општествениот, економскиот и културниот развој меѓу Албанците. Слободното движење е право, но и потреба на албанскиот народ од двете страни на границата.“