Лицата кои сакаат да патуваат во САД во иднина можеби ќе треба да откријат информации за нивните профили на социјалните мрежи, за претходните телефонски броеви и адресите на електронската пошта, информира АФП.
Мерките можат да погодат околу 10 милиони луѓе годишно.
Според планот на Стејт департментот објавен денеска, на апликантите за виза ќе им биде претставен список на социјални платформи, а тие ќе треба да откријат кои социјални мрежи ги користат за информации, кои им се телефонските броеви, електронските пораки и кои земји ги посетиле во текот на изминатите 5 години.
Мерките ќе важат за Имиграциска виза (ДС-260) и за не-имигрантска виза (ДС-160).
Во последната фискална година, 559.536 лица поднеле документи за имигрантска виза и 9, 6 милиони за неемигрантски визи.
Предлогот го поддржуваат ветувањето на претседателот Доналд Трамп дека ќе спрповеде „екстремни проверки“ на странци кои влегуваат во САД со цел да се спречи тероризмот.
Заинтересираните групи и организации имаат 60 дена рок да ги коментираат најавените промени кои се очекува да бидат одобрени на 29 мај.





