Пратениците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов остануваат во Истражниот затвор Шутка, одлучи скопскиот Апелационен суд.
Освен нив, во притвор остануваат и уште четири лица осомничени за насилствата од 27 април во Собранието за кои биле разгледувани жалбите.
Во домашен притвор останува и Јохан Тарчуловски, а во истражниот затвор и понатаму мора да биде и полицаецот Абдулфетах Алими, кој, како што пренесува Алсат М, тврдел дека го спасил пратеникот Зијадин Сеља при насилството во Парламентот.
Апелација не ги уважи ниту жалбите на Јане Ченто, Иван Цветановски и на собраниската службеничка, Елена Доцевска.
Апелацискиот суд ги одби сите жалби на притворените, осомничени за крвавите настани и упадот во Собранието на 27 – ми април.




