Лидерот на Левица Димитар Апасиев пред почетокот на конститутивната седница на Собранието изјави дека тие не би дале поддршка Африм Гаши, Албанец, да биде претседател на Собранието.



На прашање зошто не сакаат Албанец да биде претседател на Собранието, Апасиев рече дека е противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонски кога се заседава со седници.

„Затоа што е противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонскиот кога се заседава со седници“, рече Апасиев кој рече дека би му дал на Мицкоски, бланко поддршка на невидено, само да не биде косоваризиран повторно македонскиот парламент.

На прашање дали ако Гаши ги води седниците на македонски јазик нема да му пречи, тој посочи дека може слободно да ја води на тој начин.

„Дали треба да го коментирам Апасиев? – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето за коментар на изјавата на лидрот на „евица.

Според Мицкоски, Левица се однесува како група на џанаци коментирајќи ја изјавата на Димитар Апасиев дека ќе дадат поддршка на невидено само ако Африм Гаши не биде претседател на Собранието.

„Тој пред изборите имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство. Одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива- дали на Хургада или некоја грчка плажа.

Како што изјави еден од неговите поранешни сопартијци дека „тие биле една група на џанаци“, така ѝ продолжува да се однесува, рече Мицкоски.