Апасиев барал ручек, тужените новинари не преговараат со терористи и уценувачи

Димитар Апасиев преку својата партија Левица кривично ги гони Канал 5 ТВ, директорот Иван Мирчевски и новинарите Гоце Михајлоски и Михаела Димовска, објави денеска телевизијата која ја одбива понудата од лидерот на партијата.



Наместо како тужител да се појави на денешното прво рочиште, тој нудеше јадна и непринципиелна понуда со која тужбата би била повлечена ако Апасиев добил средба на ручек со директорот Мирчевски.

Мирчевски ја отфрла понудата и вели не преговара со терористи и уценувачи.

,,Преку својата правна застапничка Апаиев ги соопштил своите „услови“ кои велат дека доколку Иван Мирчевски прифати ручек средба со него ќе ја отфрлел приватната кривична пријава.

За воља на вистината, тужбата на Апасиев е беспредметно смешна, а нашата Телевизија е уверена дека Апасиев сфатил дека истата и ќе ја изгуби па се обидува да се спаси од огромниот блам и срам.

Нашите колеги Михаела Димовска, Гоце Михајлоски и Иван Мирчевски го отфрлија ова дегутантно пазарење од страна на Апасиев оставувајќи му можност самиот да си ја повлече сопствената тужба”, објави Канал 5.

На денешното рочиште за објавен интерен партиски документ биле присутни поголем дел на медиумската јавност како и претставници на странски амбасади.

Во продолжение денешните изјави: