Членот на Црвена Звезда беше под сезонскиот просек во неуспехот на белграѓани при гостувањето кај Химки со 85-78. Перо Антиќ постигна шест поени со шут 2-5, а петем собра четири топки, но тоа не беше од голема корист за екипата која по втор пат губи на гостувањата на истокот од континентот.



Нашиот актуелен кошаркарски репрезентативец Џордан Теодор со неговиот Армани Милано беше на гости кај Реал Мадрид и доживеа пораз од 101-90. Во дуелот со екстремно многу поени, Теодор даде 10 коша, но затоа блескаше Лука Дончиќ со 27 поена, 8 скока и 5 асистенции.