Антифашисти и „Златна зора“ денес нa протести во Атина

Грчката полицијата во главниот град презема превентивни мерки да спречи „средба“ и евентуален судир на денешните протести организирани од две спротивставени групи во Атина.



Антифашистички митинг ќе се одржи на плоштадот Ригилис во 18:00 часот, а потоа ќе следи марш кон главната канцеларија на екстремно десничарската партија „Златна зора“.

Членовите на „Златна зора“ ќе се соберат во седиштето на партијата, исто така во 18 часот, за да ја одбележат годишнината од грчко-турската криза која изби во 1996 поради грчкиот островот Имиа кој се наоѓа на 7 километри од турскиот брег.

Денешните протести, веројатно, имаат врска со утрешниот голем митинг во Атина на кој се противат анархистите/антифашистите и ќе се обидат да предизвикаат инцидент.

„На 4 февруари може да се пролее крв“ предупреди грчката анархистичка група „Рубикон“ во пресрет на митингот закажан за утре во центарот на Атина за „одбрана на името Македонија“, објави деновиве порталот „News.gr“.На социјалните мрежи тие се заканија дека митингот немало да мине без „загуби“и дека нема да бидат заплашени од „фашисти“.

Пред десетина, како што пренесе „Експрес.мк“, имаше судир на ултра-левичарски анархисти со членови на екстремно-дсничарската „Златна зора“ на Крит при што имаше и тешко повредени.