„Македонија е еднакво на Грција и Грција е еднакво на Македонија“, рече солунскиот митрополит Антимос на денешната литургија во црквата „Свети Димитрија“ пред почетокот на големиот митинг во градот.
На богослужбата „за одржување на мирот, за грчкиот карактер на Македонија и за татковината“, солунскиот епископ на присутните во црквата им објасни зошто „Скопје не може да го има и да го монополизира името Македонија“ и порача дека „Скопје нема ни стара ни понова историја“.
Тој уште негласи дека „Скопје никогаш нема да биде прифатено во грчката народна свест со името Македонија, бидејќи нашата Македонија постои во срцата на Грците како нераскинлив дел од нашиот национален суверенитет веќе 2.800 години. Скопје никогаш нема да може да го задржи името Македонија, бидејќи тоа им припаѓа на Грците“.
Митрополитот побара од верниците да ја пренесат пораката дека Македонија е татковина и лулка на Грците.





