Анкета: Села пред Ахмети

На интернет анкетата и на Фејсбук страната на емисијата Клик Плус на ТВ 21 е спроведена анкета со прашање: на кој политичар Албанец најмногу му верувате?



На анкетата гласале 4500 граѓани.

Според финалните резултати како што пренесува порталот на албански јазик монитор.мк Зијадин Села добил 54 % од гласовите додека зад него со 46 % е Али Ахети.

Зијадин Села беше тешко повреден за време на настаните од 27 април а во неколку наврати ги навреди Македонците со јавни коментари против нив.

Интернет анкетите иако можат да дадат одредена претстава за расположението на корисниците на интернет немаат никаква научна или стручна важност за општото расположение на јавноста.