Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден овој месец падна на најниско ниво во речиси две години, и се оценува како предупредувачки знак за неговите напори за реизбор, покажуваат резултатите од истражувањето на Ројтерс/Ипсос.



Четиридневната анкета, која заврши во понеделникот, покажа дека само 36 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден како претседател.

Ова е пад од  2 % во споредба со 38% во април. Ова е најнискиот рејтинг на неговото претседателствување од јули 2022 година.

Иако падот овој месец беше во рамките на маргината на грешка од 3 процентни поени на анкетата, тоа би можело да навестува лоши шанси за Бајден кога ќе се соочи со републиканецот Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.