Анди Исмаили од Гостивар е светски шампион!!!

Одличен успех на Анди Исмаили од танцовиот клуб Брејк А Лег на Светското Првенство во Модерен, Џез и Класичен Балет кое се одржува во Киелце, Полска.




Тој во категоријата Performing Arts Improvisation во конкуренција на 72 танчери од цел свет успеа да се закити со титулата Светски Шампион.

Доказ за огромниот потенцијал и квалитет што го поседува е дека Анди е и Светски Вицешампион во категоријата Модерен Балет соло момчиња јуниори.

Ментор и тренер на Анди е Андријана Петковски додека кореографијата во Модерен Балет е дело на Карол Ментол од Полска.

Трајче Петковски, претседателот на Македонската Асоцијација за Модерни Танци изјави дека е презадоволен што одличната сезона ја крунисавме со уште еден светски шампион.
Претходно Мила Србиноска од Брејк А Лег во Октомври победи на Светското Првенство во ХипХоп кој се одржа во СЦ Борис Трајковски во Скопје.