Постојат позитивни сигнали дека сепак е можно Македонија до крајот на годинава да започне со отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ, односно да се изнајде решение со кое Бугарија би отстапила од блокадата. Во вчерашната анализа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, уредникот и водител Драган Милосављевиќ ги потенцираше последните назнаки кои одат токму во тој правец.
Прво, за време на посетата на Македонија унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека не само што треба, туку и мора до крајот на унгарското претседателство со ЕУ Македонија да стартува со преговорите во практична смисла. Понатаму, американскиот заменик помошник на државниот секретар за западен Балкан, Александар Касанов на средбата со претседателката Гордана Силјановска Давкова во Њујорк упати порака дека САД ќе извршат притисок кон своите европски партнери до преговори навистина да дојде во најбрз можен рок. На ова треба да се додаде дека по првичните турбуленции во односите со Грција, сега изгледа дека топката е смирена и дека Атина повеќе не гледа причини да ја поддржува Софија во блокадите, што пак осетно ја намалува дипломатската сила на Бугарија пред европските партнери.
Треба да се напомене и дека претставници на коалицијата ВРЕДИ во повеќе наврати повторуваат дека постојат реални можности да се крене блокадата и дека има шанси да се изнајде решение кое би било прифатливо и за Македонија и за Бугарија.
Премиерот Христијан Мицкоски пак, инсистира дека Македонија нема да дозволи понатамошно понижување и непринципиелни отстапки и ја остава вратата отворена преку понудата Бугарите да влезат во македонскиот устав, но дури на крајот на преговарачкиот процес.
Анализата можете да ја погледнете во првите десетина минути од емисијата „Заспиј ако можеш“, на следниот линк:





