Американската амбасадорка Ангела Агелер задутре поднесува оставка од својата позиција во Скопје.
Според упатени во американската дипломатска традиција Агелер утре мора да поднесе писмена оставка која не мора да биде прифатена.
Причината за оставката е сигурната промена на местото претседател на САД во Белата Куќа.
Според изворите таа мора да го следи правилата на Стејт Департментот затоа што била избрана и испратена за амбасадор во мандатот на Џо Бајден кој утре ќе добие наследник кој ќе биде устоличен во Јануари.
Без разлика дали утре на изборите за претседател на САД ќе победи Камала Харис или Доналд Трамп Агелер ќе мора да поднесе оставка.
Дали таа оставка ќе биде прифатена е друго прашање за кое одлука ќе носи новиот шеф на американската држава.
Правилото важи и за дипломатите од кариера и за таканаречените политички именувани амбасадори.
Голем дел од амбасадорите на САД кои ја следат дипломатската традиција на поднесување оставка при промена на претседателот на САД често пати остануваат на своите позиции без разлика што добиле мандат од друг претседател.
Агелер е кариерна дипломатка која не е политички именувана за амбасадорка во Скопје.
Фотографијата (СД) е од давање свечена заклетва од страна на Агелер пред доаѓањето во Скопје.






