„Амбасадорот на Косово во * Македонија Флоријан Ќехаја изјави дека во овој момент косовскиот државјанин Блерим Рамадани е во притвор во * Македонија според потерницата, издадена од Србија за злосторства, за кои се тврди дека ги извршил за време на војната во 1999 година. Амбасадорот Ќехаја уверуваше дека ‘има силна гаранција дека Рамадани нема да ѝ биде предаден на Србија’.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“. Инаку, косовскиот дипломат денес по овој повод го посети и Судот во Тетово.
„Тетова сот“ пишува: „Ние се занимаваме со случајот, имаме многу силна гаранција дека тоа нема да се случи. Ние сме во комуникација со новата влада овде, но и со органите на правдата. Нема опасност косовскиот државјанин да ѝ биде предаден на Србија.“ – изјави Ќехаја за РТВ Дукаѓини.
Апсењето на Блерим Рамадани, поранешен борец-член на Оперативната зона на Неродимље на УЧК на Косово, беше извршено вчера на граничниот премин Јажинце-Глобочица, кој ја поврзува * Македонија со Косово. Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека амбасадорот Ќехаја и властите работат на брзо ослободување на Блерим Рамадани.





