Знаеле ли Американците нешто што не знаеле Русите, но буквално пророчки изгледа предупредувањето од Амбасадата на САД во Русија за американските граѓани во земјата за можен терористички напад, објавено на нејзината вебстраница уште на 7 март, 15 дена пред денешниот хорор близу руската престолнина.
Единствено што утна Амбасадата е дека таков настан очекуваше во следните 48 часа, односно на 8 или 9 март.
„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремисти имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучувајќи концерти, а граѓаните на САД треба да бидат советувани да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, предупреди дипломатското претставништво на 7 март, советувајќи ги Американците: „избегнувајте гужви, следете ги локалните медиуми за нови информации и бидете свесни за вашата околина“.
Руските медиуми јавуваат за најмалку 40 загинати по упадот на група терористи во популарниот трговски центар со концертна сала „Крокус сити хол“ во Красногорск, во непосредна близина на Москва.






