„Алфакс“: Нема договор од средбата Ахмети-Села-Таравари за општините! Во ДУИ може да експлодира, поради барањата на „предавниците“ од АА!

Вчерашната средба меѓу Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари заврши без никаков конкретен договор. Сигурни извори потврдуваат дека Таравари и Села немаат намера да го намалат бројот на општини што ги бараат, па дури и инсистираат на поделба на локалната власт како услов за продолжување на соработката. Ахмети повикал на „разумност и зрелост“, но прекумерните барања на двојката Села-Таравари ја отежнуваат атмосферата во ДУИ и ја прават напната. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“ во својата информација со наслов „Средбата Ахмети-Села-Таравари заврши без договор, барањата за општини го ‘потпалија’ незадоволството во ДУИ“.



Порталот дополнува: Некои локални функционери на ДУИ веќе го изразија своето негодување поради идејата дека општините, што ги освоија со мака, би можеле да им бидат предадени на оние, кои до вчера ги нарекуваа „предавници“.

Следната средба е закажана за в сабота, но атмосферата е вжештена. Јасно е: апетитите на Села и Таравари се многу поголеми отколку што ДУИ може да се справи без да експлодира одвнатре. – извести „Алфакс“.