Алфакс: ДУИ велат дека се бореле против крадењето уште од 2002 се до 2024 година!

„Од ДУИ укажуваат со гордост на нивните постигања во унапредувањето на етичкото управување, интегритетот и антикорупциските мерки во * Македонија од 2002 до 2024 година. ДУИ вели дека е сега посветена на ново поглавје, започнувајќи со целосен процес на реформи и проверка, почнувајќи со проценка на ризикот за проверка и корупција во партијата. Под неуморното раководење од претседателот на партијата Али Ахмети важна беше културата на меѓународни стандарди на транспарентност и отчетност на ДУИ.“ – се наведува во опширното соопштение на партијата на Али Ахмети, кое информативниот портал на албански јазик „Алфакс“ го пренесува со констатација, ставена и во насловот на нивната информација: „ДУИ велат дека се бореле против крадењето уште од 2002 се до 2024 година!“