Алтернатива: Упатуваме повик за разум и мир! – МВР и органите на прогонот да не дозволат да се загрози безбедноста на граѓаните!

Централното претседателство на Алтернатива разговараше за политичката и општата безбедносна состојба во земјата, која, според оваа партија е „е нарушена по поттик на одредени опозициски деструктивни сили, која не можат се уште да се помират со фактот дека се во опозиција.“ објави ТВ21.



Телевизијата го пренесува соопштението, кое го објави раководството на Алтернатива по својата седница: „За Алтернатива е укажувачки тоа што овие инциденти се случуваат токму во време кога се случуваат и српските напади  на северот на Косово. Алтернатива ги осудува сите постапки, кои ги повредуваат мирот и безбедноста и повикува на разум и зрелост од страна на граѓаните, да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари, кои фрлаат камен и ја кријат раката, со која го фрлиле.“

„Алтернатива ја поздравува одмерената работа на Министерството за внатрешни работи и ги охрабрува органите на прогонот да бидат на чело на своите должности и да не дозволат на ниеден начин да се загрози безбедноста на граѓаните.“

„Централното претседателство на Алтернатива го повикува Уставниот суд да не експериментира со своите права и обврски, нарушувајќи го унапреденото право на албанскиот јазик, бидејќи тоа може да биде удар врз меѓуетничките односи во * Македонија и нејзината посветеност кон интеграцијата во Европската Унија“ – се наведува, меѓу другото, во соопштението на Алтернатива.