Немаме определно став за напуштање или останување во Владата, тоа допрва ќе биде решено откако ќе се анализираат последните изборни резултати, вели Арбен Таравари
Како генерален секретар на партијата Алијанса за Албанците, во оценката за текот на изборите, тој го критикуваше ангжаманот на владините функционери во изборната кампања во корист на ДУИ.
Арбен Таравари на денешената прес-конференција во Гостивар изјави дека во Алијансата за Албанците(АА) се уште не бил изграден став дали оваа партија ќе остане во владата.
„Засега не излегуваме од Владата. Следуваат анализи во претседателство на партијата и да видиме дали имало злоупотреби за време на изборниот процес, бидејќи постојат сомнежи. Ќе поразговараме и со премиерот“, рече Таравари како што пренесе Тв21 и додаде дека „било скандалозно премиерот, министерот за внатрешни да бидат ангажирани и да работат во корист на ДУИ“.
Тоа е недозволиво и со препораките на Прибе, вели Таравари кој победи во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Гостивар поразувајќи го Невзат Бејта од ДУИ.
„Меѓутоа вчерашниот ден беше исполнет со низа нерегуларности, поткупи, притисоци и запалашување. Жалам што и министерот Спасовски лично вршел притисок. Жалам и што една влада стои зад партија која има лошо минато“, рече Таравари.
Тој смета дека ресорот здравство и натаму ќе биде распеделен на Алијансата за Албанците, но конечната одлука ќе била донесена откако за тоа ќе се решеле во партијата.
Во меѓувреме некои медиуми пренесуваат дека имало шпекулации Зијадин села да ја преземе функцијата министер за здравство, на која досњега беше Таравари.





