Алиу од „Вреди“: Уставните измени ќе се случат бездруго – и ВМРО ДПМНЕ е за ЕУ

„Азир Алиу, поранешниот министер за информатичко општество и администрација, кој е сега дел од коалицијата Вреди, изјави дека уставните измени се услов од ЕУ и оти Македонија мора задолжително да ја отвори промената на Уставот, за да продолжи со преговорите и создавањето амбиент за исполнување на другите услови за членство во ЕУ.“ – објави ТВ Шења во својата вест под наслов „Азир Алиу: Уставните промени бездруго ќе се случат – и ВМРО-ДПМНЕ се за ЕУ“.



ТВ Шења ја цитира изјавата на Азир Алиу, дадена во нејзината емисија „Интервју“: „Свесни се сите политички партии дека е ова реалната ситуација, и македонската и албанската страна, граѓаните, оти 80 отсто од граѓаните се за интегрирање во ЕУ. На оваа линија никој не е против. Секој ден и ВМРО ДПМНЕ вели дека се за ЕУ. Ние се обидуваме да изнајдеме форма, за да ја ставиме работата на ЕУ на лента и да оди многу бргу процесот со Уставот.“