Алити до Ахмети и ДУИ: Во МАТ позиција сте и соочете се со правдата! Не кријте се зад албанската кауза, оти тендерите и милионите се вашата кауза!

„Денес ДУИ и Али Ахмети зборуваат со полна уста за Америка, за албанското прашање колку да им го наполнат паметот на Албанците дека ќе бидат асимилирани во * Македонија, но од друга страна тие си ја имаа ‘Соравија“ и ‘исцедија“ 8,3 милиони евра од државната Лотарија и многу други милиони врз грбот на народот. Соочете се со правдата и прифатете дека вашата политичка кариера е во МАТ позиција, бидејќи не ви преостанува ништо друго освен да фрлите „бел пешкир“. Немојте да се криете за албанската национална кауза, бидејќи знаеме дека вашата кауза е каузата на тендерите и милионите!“ – им порача преку својот фејсбук-профил Лулзим Алити, бизнисмен од Куманово и директор на една градежна компанија, на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговите сопартијци-функционери во претходната власт.

Во објавата на општествената мрежа Алити пишува: Мора да ги кажуваме работите какви што се. Проектот „Големо уво“ во Р*М беше проект на Сашо Мијалков и Артан Груби. Затоа Артан го уценуваше Али Ахмети заедно со другите и се искачи високо, условувајќи ги со прислушувањата, за да може целосно да ѝ диригира на државата, бидејќи поседуваше материјали и за Заев и неговата клика! Артан Груби ги контролираше и судиите и обвинителите, уценувајќи ги токму со материјалите од прислушувањата и не случајно се насочуваше во своја корист, користејќи ги тие материјали!

Денес Артан Груби е во бегство, затоа што ги спаси своите тутори Сашо Мијалков и Никола Груевски. Денес Али Ахмети продолжува да го брани Груби, иако се наоѓа на „црната листа“ на Америка. Во исто време Али Ахмети не ги вади од уста Америка и Европската унија, иако се уште не се изјаснил дали се дистанцира од постапките на Груби.

Денес ДУИ и Али Ахмети зборуваат со полна уста за Америка, за албанското прашање колку да им го наполнат паметот на Албанците дека ќе бидат асимилирани во * Македонија, но од друга страна тие си ја имаа ‘Соравија“ и ‘исцедија“ 8,3 милиони евра од државната Лотарија и многу други милиони врз грбот на народот.

Ние знаеме добро и точно која мака ве мачи: соочете се со правдата и прифатете дека вашата политичка кариера е во МАТ позиција, бидејќи не ви преостанува ништо друго освен да фрлите „бел пешкир“. Немојте да се криете за албанската национална кауза, бидејќи знаеме дека вашата кауза е каузата на тендерите и милионите.