Дали големата вест е поврзана со (можеби веќе) избраниот кандидат на ДУИ за претседател на државата, може само да се нагаѓа.
Од партијата на интеградивците соопштија дека „Утре, четврток, во 11:00 часот преку директен пренос на Фејсбук, Ахмети ќе ја соопшти големата вест“.
Градоначалникот на Кичево претседателски кандидат на ДУИ
Денеска беше споделена информација дека градоначалникот на Кичево (градот кој Груби го прогласи за „Воен плен“), Фатмир Дехари, ќе биде кандидат за претседател на Македонија номиниран од ДУИ, но дека за тоа ќе се дискутира.
Претходно „големите вести“ што ги објави Ахмети беа „Зелената агенда“ на ДУИ и „првиот премиер Албанец“.





