Александар Лазовски магистрира на „Харвард“ со највисок просек и ни раскажа за аплицирањето, впечатоците од
студирањето, професорите, начинот на учење, како и за животните лекции што ги стекнал.
- „Харвард“ не само што ги исполни моите очекувања, туку и ги надмина! Тоа е место со долга и богата традиција, со силни
морални вредности кои се засноваат на идејата дека привилегијата на квалитетно образование доаѓа со голема
одговорност да се подобри светот. Овие вредности привлекуваат некои од најталентираните и најпосветени умови од
целиот свет. Пресреќен сум што имав можност да бидам опкружен со вакви колеги од повеќе од 100 земји – споделува
Александар. - Студирањето на „Харвард“ му било сон од детството, но идејата за конечно да аплицира му дошла за време на пандемијата, кога училиштата беа затворени, па со неговиот тим требало да го создадат и да го лансираат порталот Едуино.
- Како син на двајца родители инвалиди, а подоцна на самохрана мајка која се бореше со сиромаштија и здравствени проблеми за да ми обезбеди добро образование, овој сон секогаш изгледаше недостижен. Финансиските бариери и сомнежите за мојата способност дополнително ме обесхрабруваа да го направам првиот чекор кон овој сон. Во последните десет години, како коосновач на СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, се посветив на решавање комплексни проблеми во нашата држава, особено во областа на образованието. Главната инспирација за конечно да аплицирам за „Харвард“ дојде за време на пандемијата. Тогаш, кога сите училишта беа затворени, заедно со мојот тим ја имавме одговорноста да го создадеме и лансираме порталот „Едуино“. Преку овој проект, заедно со нашата заедница од над 20 илјади едукатори и нашите партнери, успеавме да обезбедиме бесплатен пристап до квалитетни дигитални образовни содржини – раскажува Александар и додава дека преку „Едуино“ го видел потенцијалот за промена.
Линк до целото интервју на Александар:






