Владејачката левичарско-популистичка партија Самоопределување (Ветевендојсе) на премиерот Албин Курти победи на општите избори на Косово во неделата, според прелиминарните резултати.
Со тоа, се чини продолжува конфронтацијата со Соединетите држави и Европската унија поради третманот на Курти и неговата партија кон српското малцинство, пишува Politico.
„„Се помина според планот – рече Курти по изборите – Победивме и ова е потврда за добра, просперитетна и демократска влада. Никогаш немало војна како онаа против оваа влада“, рече Курти по изборите. Со олигарси кои даваат пари без сметка и со опозиција што прави договори дури и со ѓаволот против нашата влада“.
„Нашата победничка коалиција ќе ја формира новата влада и ќе продолжиме со добрата работа“, рече Курти синоќа по објавувањето на првичните резултати.
Но, на Ветевендосје ќе му бидат потребни партнери за да формира влада, бидејќи партијата не обезбеди доволно гласови за да владее сама како што тоа го направи за време на четирите години на власт од 2021 година.
Со преброени 88 отсто од гласовите, партијата на Курти освои 41,3 отсто, а на второто место заврши десничарската Демократска партија на Косово (PDK) со 21,8 отсто, потоа централнодесничарската Демократска лига (LDK) со 18,1 отсто и левичарско-националистичката коалиција ААК со 7,6 отсто.
Говорејќи пред приврзаниците во седиштето на неговата партија, Курти беше оптимист за добивање поддршка од потребните 61 пратеник во 120-члениот парламент за да се обезбеди владејачко мнозинство.
Тој ја минимизираше можноста три опозициски партии да се здружат против него за да формираат нов кабинет.
„Секому му е јасно дека се на второто и третото место, па дури и да се обедина, не можат да му парираат на Ветевендосје“, изјави Курти.
Српска листа, освои 3,96 % од гласовите што значи дека, согласно уставот, ќе добие 10 од 20-те пратенички места „резервирани“ за националните малцинства.






