Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани, се огласи на Фејсбук за реакциите во врска со Законот за употреба на јазиците и Уставниот суд во државата во која е на служба.
„Ги ценам вашите пораки на социјалните мрежи и одговорно ја следам ситуацијата. Би сакал да повторам дека официјална Тирана јасно го искажа својот став од Палатата на Бригадите:
‘Албанскиот јазик не е прашање на судови и правни формулации’.
Кој има очи, нека чита. Кој има уши, нека чуе. Пораката е јасна и непроменлива: нашиот национален идентитет и симболи се неприкосновени“, порача Мејдани, користејќи ги хаштазите #АлбанскиЈазик, #НационаленИдентитет и #ОфицијалнаТирана.







