Дури 44, 806 илјади Албанци добија американската виза во изминатите 12 години преку таканаречената „американска лотарија“.
Албанија е рангирана на четвртото место во светот според бројот на лица кои добиле американска виза преку оваа емигрантска визна програма.
Другите подобро рангирани се Етиопија со 65, 224.000 визи, Нигерија 58.548 и Украина со 50.624 луѓе. Зад Албанија е Бангладеш од каде американска виза преку лотаријата добиле 40.877 луѓе.
Овие податоци беа објавени во извештајот за потеклото и бројот на лица кои биле примени во САД преку американската лотарија.
САД нудеше секоја година по 50 илјади имигрантски визи за лица од различни националности од светот, а 5 проценти од мигрантите влегуваат во САД како победници на американската лотарија.
Американскииот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека ќе ја разгледа можноста за укинување на оваа програма.





