За време на мечот Албанија-Хрватска кој се играше во Хамбург, дел од навивачите на Албанија и Хрватска скандираа „Убиј го Србинот“, а поради ова и уште неколк провокативни транспаренти, Фудбалскиот сојуз на Србија најави дека ќе бара драконска реакција од УЕФА, јавува порталот „Дерби“.



„Скандалонзо е тоа што се случи во Хамбург. Фудбалскиот сојуз на СРбија ќе бара од УЕФА да преземе најстри санкции, дури и по цена да го напуштиме Европското првенство“, изјави генералниот секретар на ФСС, Јован Шурбатовиќ.

Српски медиуми јавуваат и дека албанскиот фудбалер Мирлинд Даку предизвика скандал навредувајќи ги Србите и Македонците со скандирање на погрдни имиња во мегафон, додека навивачите од трибините го придружуваа.

Ова е нов скандал кој го направија фудбалерите на Албанија, се очекува остра реакција од УЕФА, како и за навредите на навивачите на Албанија упатени до Србите на натпреварот против Хрватска.

Дури и еден албански новинар беше санкциониран затоа што им покажа двоглав орел на српските навивачи. Како резултат на тоа, неговата акредитација беше одземена, пишува Б92.

„Бараме најостри казни за Федерациите на Хрватска и Албанија. За такви работи нема место во фудбалот и во спортот воопшто. Ако УЕФА не ги казни драстично, ќе размислиме за нашите следни чекори, но јас сум сигурен дека казните ќе бидат ригорозни“, изјави  Шурбатовиќ.