Во претходните четири настапи на завршниците од европските машки ракометни првенства ние дури три пати уште во првата групна фаза ги добивавме за противници и игравме против тагашните владетели на континентот. Така беше во Италија во 1998 кога на Русија и извлековме бод 26-26, така се случи и во 2014 кога загубивме од домаќинот Данска на стартот со 29-21, а така беше и во, сега веќе, претпоследното издание, од пред две години кога во Полска бевме поразени од Франција со 30-23.



Значи, три меча со актуелни европски ракометни прваци, едно реми и два пораза, со забелешка дека нас во споменатите ситуации големите шампиони нè совладуваа, но титулите не ги одбрануваа.