Активистка на „Шарената револуција“ и „Зелен хуман град“ не крие дека е дел од тим кој ги правел барањата за вечерашниот протест

Активистка која што учеството во Шарената Револуција пред 9 години го има ставено во својата биографија открива дека таа заедно со уште десетици други луѓе е дел од иницијативата ,,Кој е следен?” која стои зад протестот закажан за вечерва во Скопје.



Според неа 50 активисти ги креирале барањата за протестот што го организира лице осудено за палење на претседателката канцеларија во 2006 година.

,,Не одговорив до сега бидејќи не ме плаќаат да куцкам на Твитер, имам реална работа а понеделник е. Барањата не се неостварливи и не ги бараме јас и Арсенкова, ги составија заедно над 50 души.
Се гледаме за кратко на Плоштад”, одговара извесна Ивана Дракулевска на прашање од твитерџија.

Прашањето е упатено до Арсенкова Марија и Ивана Дракулевска.

,,Здраво @ArsenkovaMarija, @drakulevska може да кажете зошто преку „Кој е следен“ имате неостварливи барања и такви за кои треба долг рок? Каде бевте за модуларна и Беса своевремено? Дали ова не е алиби за долги протести како вовед во избори и пак да ве видиме на кандидатски листи”, е прашањето упатено до нив.

Некогашната активистка на Шарената револуција потврдува дека таа е една од 50 луѓе кои стојат зад барањата и смета дека тие се остварливи.

Арсенковска вели дека преходно во времето на СДСМ не биле активни затоа што имало Пандемија од Ковид 19. Таа одговара на друго прашање поврзано со молкот на нивната организација во изминативе 7 години.

,,Здраво, имам и јас едно прашање.
Зошто после реакцијата на родителите на Фросина запревте со протести во нејзино име и не бевте активни на улица, до трагедијата во Кочани?
Кога е формирана вашава како викате граѓанска иницијатива и зошто не реагиравте изминативе 7 години за ништо?” е прашањето упатено до неа.

,Не сакавме да му создаваме непријатности на семејството кое жали и кое побара да не протестираме во нивно име.

Ние и сега не сме против владата, туку против целиот систем, како што кажува слоганот.

Другите несреќи се случија во пандемијата, затоа немаше протести”, одговара Арсенковска.

И Арсенкова и Дракулевска во своите биографии наведуваат за врските со Шарената Револуција.

Организатор на вечерашниот протест на кој повикува Дракулевска е Бојан Ефтимов кој има криминално досие.

Осуден за палење на канцеларијата на Иванов е организатор на денешниот протестен марш за Кочани.

Најчитани статии

Предупредување од Србија

Член на култен балкански бенд стравува за Македонија: Политички лешинари ќе се обидат да ја дестабилизираат

Фото: ИРЛ подкаст принт скрин