Актерите „бунтовници“ од МНТ веќе добиле казни

Еден од актерите на ансамблот при МНТ кои во знак на солидарност со притворот на нивниот колега Владо Јовановски ја откажаа претставата „Ничија земја“ откри дека директорот веќе изрекол казна.



Според Оливер Митковски кој на социјалните мрежи беше остро критикуван и во исто време поддржан силно за потегот на актерите, му се заблагодарува на директорот за благата казна, но не открива какви се казните за актерите.

Директорот Драган Спасов Дац чиј син е меѓу „побунетите“ актери најави дека сите ќе бидат казнети.

Во постот на „Фејсбук“ Митковски уште еднаш ѝ се извини на публиката.