Доколку градоначалникот на албанската општина Пустец кој што е гонет од СЈО за случајот Титаник реши да остане во Албанија, Македонија нема начин да го донесе на судење во земјава.
Темелко за кого вчера на барање на СЈО кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 изрече мерка пртивор од 30 дена сеуште се наоѓа во Пустец и најавува дека ќе ги прифати сите мерки наложени од македонските правосудни органи но не најави кога ќе се врати во Македонија.
Доколку Темелко не ја мине македонската граница тој не може да биде приведен од македонската полиција а ниту може да биде екстрадиран од соседната земја во Македонија затоа што е албански државјанин.
Според националните закони Република Албанија не може да екстрадира свои граѓани на други земји.
Единствена можноста за екстрадиција на Темелко од Албанија е оваа држава да има потпишано билатерален договор со Македонија, што не е случај.
Единствените земји со кои Македонија има договор за екстрадиција се Италија, Србија, БиХ, Хрватска и Црна Гора.
Предходно Македонија проблеми со екстрадиција на македонски граѓани кои што имаат двојно државјанство имаше со Драган Даравелски кого што Србија сеуште не го испорачува, со двајца од убијците во случајот Монструм кои се под заштита на Косово како и со екс министерот за здравство Владо Димов кого одбија да го екстрадираат и Полска и Бугарија.





