„Во целиот западен свет е така, во сите развиени демократии е така. Ако изгубите избори, барем пред органите на партијата… Еден пар избори до 8 мај, ако не победиме на 8 мај, јас сум тука да дадам оставка и нема да има сила која може да ме запре да не дадам оставка“, изјави кандидатот за претседател на опозициската коалиција ВРЕДИ, Арбен Таравари, во интервју за Радио слободна Европа.



Во интервјуто Таравари говори и за чекорите што би ги презел доколку успее да биде избран за претседател:

„Доколку победам на изборите, прва работа што би направил би отишол во Брисел и би побарал од европските политичари да ни дадат гаранции дека нема да има други услови за Македонија за да го продолжиме европскиот пат.

Втората работа, кој ќе биде идниот мандатар би го повикал оти треба да му се даде мандатот за да формира влада, од него би побарал да ми даде динамика за уставните промени за да ги започнеме што побрзо за да не ни се повтори Букурешт 2008 година.

И трета работа, би побарал од политичките партии и од владата да се тргнеме од „Отворен Балкан“ како проект бидејќи никој не остана освен Македонија и Србија“, вели Таравари.