Ако тргнало како што е, лошо ни се пишува. Па така, ако минималецот не биде ист како во регионот, човек нема да остане во МакедонијаСиндикатот на приватниот, административниот и јавниот сектор се приклучи кон Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија. Првиот човек на КСОМ, Марјан Ристески посочи дека ќе поднесат барање до идната Влада да го одобри законот за работни односи за јавниот и приватниот сектор, минималната плата да биде повисока или иста како во земјите од регионот.

Потпретседателот на Синдикалната организација на ЈСП Скопје, Меџит Идризи, вели дека во оваа претпријатие има недостиг на работници поради тоа што тие заминуваат од земјата.
„Имаме возачи кои заминаа за Германија пред 3-4 дена поради ниската плата. Ние се обединивме со овие претседатели и се обидуваме работниците да не заминат од државата“, вели Меџит Идризи.
Прашан дали ќе ги поддржат протестите на ССМ на 8 април за здравствените работници, кои работат со договори на дело, Ристевски рече дека тие секогаш ги поддржуваат, но додаде дека не добиле покана од ССМ.

Освен зголемување на минималната плата Синдикатот бара и останатите плати да растот со ист процент како минималната плата.
Инаку според последната статистика со само 367 евра, Македонија има најниска минимална плата во споредба со земјите кандидати за членки во Eвропската Унија од регионот. Повисок минималец имаат Албанија, Србија, додека, пак, во Хрватска минималната плата е двојно, а во Словенија тројно повисока од нашата.
И во однос на просечната плата од 649 евра сме на дното во регионот. Највисока е во Словенија 1.530 евра, на второ место е Хрватска 1.191 евро, потоа следат Црна Гора со 821 евро и Србија со 811,3 евра.





