Ако веднаш реално не порасне минималецот сериозни закани за генерален штрајк

Сојузот на синдикатите на Македонија предлага, освен законското усогласување согласно со новата методологија, од 1.700 до 1.800 денари, со што минималецот би скокнал од 22.500 на 24.400 денари, да има и дополнително зголемување на минималната плата од 6.000 денари, со тоа што за оваа исплатена сума, работодавците од приватниот сектор една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно државата да ги субвенционира придонесите. Исто така, се предлага за 6.000 денари да се зголеми нето-платата на сите вработени во приватниот сектор на кои  им се исплаќа плата и над износот на минималецот.



  • Државата нема да остане без планираните приходи во Буџетот, бидејќи тие ќе се вратат преку зголемената потрошувачка и даноците. Најдоцна до 15 март треба да се состанеме и  да ја утврдиме минималната плата, бидејќи сметководителите треба да ги прават пресметките, а платата да биде исплатена најдоцна до 15 април, изјави Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ.

Сојузот на синдикатите на Македонија го достави предлогот за минимална плата од 500 евра до Владата, Организацијата на работодавачите и до пратениците. Оттаму предлагаат, освен законското усогласување согласно со новата методологија, од 1.700 до 1.800 денари, со што минималецот би скокнал од 22.500 на 24.400 денари, да има и дополнително зголемување на минималната плата од 6.000 денари, со тоа што за оваа исплатена сума, работодавците од приватниот сектор една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно државата да ги субвенционира придонесите.

Исто така, се предлага за 6.000 денари да се зголеми нето-платата на сите вработени во приватниот сектор на кои им се исплаќа плата и над износот на минималецот.

Минималната плата се утврдува еднаш годишно, во март, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата. Според овие параметри, минимлацеот треба да се зголеми за 1.800 денари и истиот да изнесува 24,400 денари. 

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, објасни дека минималната плата треба да биде утврдена најдоцна до 15 март ако се земе предвид дека треба сметководителите да ги прават пресметките, а платата треба да биде исплатена најдоцна до 15 април.

Одлуката за минималната плата треба да се донесе на Економско-социјалниот совет, но ова трипартитно тело во моментов е нефункционално. Владата ги повлече тројцата членови од Комисијата што одлучува за репрезентативноста на синдикатите. Трендафилов очекува на утрешната владина седница да се знае кои ќе бидат тројцата членови во Комисијата за репрезентативност.