„Потпретседателот на Алијансата за Албанците Елми Азири соопшти дека останува и натаму одлуката неговата партија да оди сама на избори. Но, според него органите на партијата ќе го кажат конечниот збор, земајќи ги предвид сите мислења на членството.“ – овој став Азири го изнесе во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија. Инаку, Елми Азири е од крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците.
ТВ Клан пишува: „Веќе неколку дена сме на средби со политичкиот актив на АА и се расправа за можноста самите да настапиме на изборите, или во коалиција. Одлуката ќе ја донесеме на Централното собрание.“ – рече Азири.
Коментирајќи ја последната изјава на Арбен Таравари дека е подготвен да ги потпише и да им стави печат на кандидатските листи за пратеници, само ако крилото на Зијадин Села настапи само на изборите, Азири нагласи: „Таравари си противречи самиот на себе, што кажал досега, како и на досегашните одлуки на Централното претседателство на АА. Судскиот процес за печатите на партијата не завршил, тие не се сопственост на Таравари, па да ги дава некому.“
„Елми Азири е категоричен дека Алијансата за Албанците нема да биде дел од ниедна влада, која нема да го поддржи евроинтегративниот пат на земјата и која нема да ги гарантира промените на уставот. Што се однесува до имињата на кандидатите за пратеници Азири соопшти и дека се вршат анкети внатре во структурите на АА и оти врз основа на резултатите од тие анкети ќе се донесе конечна одлука.“
Инаку, Арбен Таравари вчера во улога како лидер на Алијансата за Албанците кажа дека „крилото на Зијадин Села е многу бргу до донесувањето одлука да настапи на следните избори заедно со ДУИ, а тоа ќе го соопшти следната недела“.





