„Само сега кога одите во позиција ви паѓаат на ум националното прашање, Охридскиот договор и грижата за Албанците! Последното дувло на палјачовците е ‘патриотизмот’!“ – реагира преку фејсбук Аднан Азизи, организацискиот секретар на Беса и член на нејзиното Централно претседателство, кон Али Ахмети и неговата ДУИ, кои, криејќи се зад „мултиетничкиот Европски фронт“ преку „Политичка декларација за етничкиот изборен легитимитет“ се пожалија во Брисел, Вашингтон, низ Европа и Балканот дека се „загрозува Охридскиот договор“, бидејќи нема да бидат земени во Владата како „етнички изборен победник кај Албанците“.
Аднан Азизи нагласува во објавата на својот фејсбук-профил: Беа во Владата 22 години, но не го реализираа Охридскиот договор, ниту Албанците станаа државотворни, не го официјализираа албанскиот јазик, ниту беа некогаш заинтересирани да отворат некое прашање, кое е спорно за Албанците.
Но, единственото нешто, што го направија поединците, кои пред да влезат во власта носеа искинати гаќи и чорапи, е тоа што станаа аздисани милионери, дури толку многу што купуваа милионски вредни компании како „Соравија“ „€-виа“, Лотарија. Почнаа и да ги хранат домашните животни со чоколади и бонбони, заборавајќи дека албанскиот народ страда за залак леб и оти испразнува цели албански населби и градови, кои останаа без деца. Ја испокрадовте дури и младината, ги испразнивте училиштата и ја убивте надежта нивна и на овој народ.
Само сега кога одите во позиција ви паѓаат на ум националното прашање, Охридскиот договор и грижата за Албанците! Но, Албанците ве знаат многу добро, бидејќи не оставивте ништо во албанските населби, само криминал, корупција, корупција, дрога, казина, убиства, неморал и се што е уништувачко!
Лицемери!





