До Агенцијата за електронски комуникации нема пристигнато барање или отворање на постапка за нов мобилен оператор во земјава, по најавите на министерот за транспорт и врски Александар Николовски дека се преговара со телекомуникациската компанија 4iG од Унгарија.
Унгарски мобилен оператор влегува во Македонија
Од АЕК за Телевизија 24 велат дека засега приватна компанија не се обратила до нив како можен инвеститор на кој ќе му биде потребно издавање на радио фреквенции за да биде трет мобилен оператор во Македонија.
„Според Законот за електронски комуникации, АЕК може по сопствена иницијатива, или по поднесено барање од заинтересирана страна да отвори постапка за доделување на радио фрекфенции по пат на јавен тендер или јавно наддавање.
По поднесено такво барање се отвора јавна расправа и не може да биде пократка од 30 дена со це3л сите заинтересирани страни да може да се произнесат по ова прашање, бидејќи сепак се доделува државен ресурс на Македонија.“ – вели Игор Бојаџиев од АЕК.
Од АЕК, додаваат дека се за влез на трет мобилен оператор, со што би се подобрила конкурентноста и услугата за граѓаните, пренесува ТВ24.





