Запрашан дали знае каде е поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, потпретседателот на ДУИ , Арбрр Адеми вели дека не знае и нема појма каде е.
Адеми одговори и дека не знае дали Груби ќе се врати во државава, а на прашањето дали треба да се врати, рече:
„Мислам дека секој треба да се соочи со правдата. Јас мислам дека се водеше политичка хајка и се најавуваше неговото апсење многу месеци порано. И пред составувањето на владата.
Ги имате јавните изјави од политичарите дека ’ние кога ќе дојдеме на власт ќе го апсиме итн“, рече Адеми.
На прашањето дали и ставањето на Артан Груби на црната листа на САД го смета за хајка, Адеми одговори дека тоа е друга работа.
„Тоа ние го почитуваме како ДУИ. Тие ни се наши стратешки партнери. Но, дали има други луѓе на црната листа? Има. Дали се во затвор? Не се. Тоа е доволно“, рече Адеми.






