Што може да прави партијата на Али Ахмети, можни ли се протести или некакво повторување на 2006 година имајки предвид дека ДУИ сега е втора партија според бројот на пратеници и веќе покажува револт што не се преговара прво со нив за новата влада, е прашање на кое одговара Висар Адеми, економист и аналитичар, кој ги следи случувањата на македонската политичка сцена.



„Не верувам дека ќе има протести. Но, има една друга работа што малку се споменува. ДУИ е на власт во последните 22 години и има изградено човечки, финансиски и логистички капацитети, со чија помош може да ги бојкотира институциите на системот, ако ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ формираат влада“ вели Адеми.

Членовите и партиските активисти на ДУИ се интегрирани во системот и во институциите, и ако тие ги бојкотираат сите законски решенија и активности, тогаш можеме да имаме некаков вид институционална криза.

Но, една работа е веќе јасна.

Во меѓувреме, поради лошите политики, и на македонските, и на албанските политичари, многумина се иселија, па тука остана да живее една четвртина од младите.

Мислам дека веќе никој во оваа држава нема да протестира или да војува за луѓе што се корумпирани и кои во име на етнички проблеми ја полнат својата банкарска сметка“, вели Адеми.