Познатата англиска пејачка Адел (29) размислува да ја прифати улогата во мјузиклот „Оливер“, создаден врз основа на романот на Чарлс Дикенс „Оливер Твист“. Таа ќе го игра ликот на Ненси, девојката на криминалецот Вилијам Сикеса, која им помага на бандите.



Анџело, четиригодишен син, на пејачката и е секогаш на прво место, но Адел смета дека и малку да се одвои од него, оваа улога ќе биде нов предизвик за нејзината кариера, изјави за британските новинари еден од познаниците на пејачката.

Популарната кантавторка моментално е на одмор и се повлече од музичката сцена за да му се посвети на семејството.