Одговарајќи на прашањето околу барањето на политичките партии на Албанците прво да се направат уставните измени, а потоа и да се формира Влада, амбасадорката на САД во Македонија Ангела Агелер вели дека слушнала неколку опции како тоа би било можно.



„Го слушнав тоа, слушнав неколку различни опции, како тоа би било можно…Верувам дека имаше преседани, не зборувам за пред неколку децении, но имаше преседани кога беа одобрени промени за време на техничка влада.

Една од работите што ги научив додека служев овде е дека се’ е можно“, рече американскиот амбасадор, “ рече Агелер во гостување на ТВ21, пренесе “Telegrafi“.

Амбасадорката вели дека внимателно ќе се следат изборите, но ќе гледаат и дали има мешање однадвор.

„Искрено, немам дефинитивно мислење за претседателските избори. Мислам дека е логично вториот круг од претседателските избори да биде заедно со парламентарните. Тоа е прекрасно. Ќе следиме сè внимателно. Кај албанските партии има интересна динамика меѓу партиите.

Внимателно ги следиме сите избори, но следиме и дали има мешање однадвор“, вели Агелер.