Ова беше одговорот на американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за „360 степени“ на прашањето што мисли за одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да стапи во коалиција со „ВРЕДИ“, а не со коалицијата предводена од ДУИ, и дека од ДУИ инсистираат оти со ова се оди против основниот договор меѓу двете најголеми заедници од 2001.



ВМРО-ДПМНЕ го избра партнерот – ВРЕДИ, која е исто така коалиција, исто како и Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Сум имала разговори за ова со низа функционери на ДУИ и други и нема законска обврска за тоа со кој ќе стапите во коалиција.

Партијата што победи на изборите ја имаше можноста и избра да создаде коалиција со малцински групи во земјата.

Тоа е од исклучителна важност зашто она што двете наши земји ги прави толку богати е диверзитетот, различните етнички групи и заедници и она што тие го носат за нашите демократии.

Оттука, задоволна сум што владата е составена од различни групи и нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата.

Знам дека има прашање на закон наспроти легитимитет, но факт е дека ВМРО-ДПМНЕ избра партнери од различни заедници во земјата и тоа е нивно право. Избраа тоа да го направат и ќе видиме како ова партнерство ќе функционира“, рече амбасадорката Агелер.