Агелер: Владата ме увери дека нема да го раскине договорот со Бехтел и Енка

Владата ја уверила американската амбасадорка Агелер дека нема да се раскине договорот на „Бектел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д.



Претходно самиот министер за транспорт и врски Александар Николоски рече дека раскинувањето на договорот со изведувачот би „било душмански“, но дека ќе се преговара со американско-турскиот конзорциум „да се ќари некој километар повеќе“.

Агелер во интервју за Програмата 200 во Алсат ја коментираше и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој дека „станува практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“, мислејќи на правосудните реформи.

„Се надевам дека не мислеше на мене. И никогаш не ни е намера да се мешаме. Одлуките што се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во судството, се одлуки кои ги носат само лидерите на оваа држава. Не кажуваме кој да седи на ниту еден суд. Не кажуваме кој треба да биде член на ниту еден совет. Дали корупцијата е широко распространета во судството? Да. Кога јавната поддршка и доверба во судството е 2 отсто, тоа е одвратно. Ова е обвинение за процесот“, изјави Агелер.